СООПШТЕНИЕ


ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ „ПОДДРШКА ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ЕФЕКТИВНОСТА НА ИНСПЕКЦИСКИТЕ СЛУЖБИ“, ИДЕАС ДЕПО ЗАЕДНО СО ИНСПЕКЦИСКИОТ СОВЕТ ИЗРАБОТИЈА ЛИСТИ ЗА ПРОВЕРКА

Центарот за развојни политики ИДЕАС ДеПо во соработка со Инспекцискиот совет, во рамки на проектот „Поддршка за подобрување на ефективноста на инспекциските служби“ поддржан од Европската банка за обнова и развој ЕБРД, како дел од своите активности изработија 90 Листи за проверка (check lists), како обврска која  произлегува од новиот Закон за инспекциски надзор.

Целта на листите за проверка е да се олесни и усогласи инспекцискиот процес, тој да претставува  систем за проверка, а не систем за репресија и казнување. Листите  имаат и едукативна цел, односно со нив се зголемува униформираноста и свесноста кај субјектите на надзор и нивно доброволно усогласување со конкретните законски обврски , а воедно со нив се постигнува и поголема транспарентност при спроведување на инспекциската постапка.

Освен листите за проверка изработени во рамки на проектот „Поддршка за подобрување на ефективноста на инспекциските служби“, се изработија и листи за проверка од страна на самите инспекциските служби.

Листите за проверка се објавени на веб страниците на инспекциските служби, како и на веб страниците на Инспекциски совет и Центарот за развојни политики ИДЕАС ДеПо.

Portali ueb u krijua me mbështetjen e Projektit të BERZH - "Mbështetje për të përmirësuar efektivitetintë shërbimeve të inspektimit në Maqedoninë Veriore ". Informacioni i publikuar në këtë faqe në internet nuk pasqyron pikëpamjet e Bankës Evropiane për Rindërtim dhe Zhvillim ose Qeverisë së Luksemburgut.

Rruga Dame Gruev nr. 3 Blloku 2, Dyqani 5

1000 Shkup

Republika e Maqedonisë Veriore

Telefoni i kontaktit: +389 (0)2 3121 077

Adresa e emailit: contact@is.gov.mk