За Инспектори


Почитувани инспектори,

Согласно член 3, точка 3 од Законот за инспекциски надзор („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 102/19), „инспектор е службено лице со овластувања, одговорности, права и обврски утврдени со закон, кое врши инспекциски надзор“. Во тој контекст, вие инспекторите имате самостојност и независност во вршењето на инспекцискиот надзор и во преземањето на инспекциски мерки утврдени со закон, се разбира во рамките на овластувањата и надлежностите кои се утврдени со овој или друг закон.

Законот посветил големо внимание на вас и многу прецизно и детално ги пропишал вашите права, но и обврски. Тие се детално регулирани во поглавјата VI – IX. Новиот закон прави голема реформа во системот на вработувањето на инспекторите и во овој дел тој се применува за сите инспектори вработени во инспекциските служби на централно и на локално ниво. Со членот 38 од законот јасно се утврдува дека инспекторите се, пред сѐ, административни службеници од категориите Б и В. Дополнително, во согласност со Законот за административни службеници, во членот 39 од законот се опишани звањата за инспекторите утврдени.

 

 

 

 

 

Веб порталот е изработен со поддршка на Проектот на ЕБОР – „Поддршка за подобрување на ефективноста на инспекциските служби во Северна Македонија“. Информациите објавени на оваа веб страница не ги одразува ставовите на Европската банка за обнова и развој или Владата на Луксембург.

ул. Даме Груев бр.3 блок 2, локал 5

1000 Скопје

Република Северна Македонија

Контакт телефон: +389 (0)2 3121 077

Електронска адреса: contact@is.gov.mk