About us


Инспекцискиот совет е клучната институција во системот на инспекциски надзор. Советот, за прв пат е воспоставен како постојано меѓуресорско тело за координација на инспекциските служби, во 2010 година, во 2014 година прераснува во самостоен државен орган задолжен за спроведување на делокругот на надлежности утврдени со закон, а во 2019 година, неговиот статус е изменет во самостоен орган на државната управа, чија основна надлежност е следењето и координацијата на работењето на инспекциските служби на централно ниво.

Советот е колегијален орган, кој одлуките ги донесува со мнозинство гласови од вкупниот број на членови, а раководната функција ја има претседателот на Советот, кој може да овласти еден од членовите на Советот, да го заменува во случај на негово отсуство или спреченост.

Со членот 18 од Законот за инспекциски надзор („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 102/19), таксативно се наброени сите надлежности на Советот, кои се поврзани, односно се однесуваат на: инспекциските служби во органите на државната управа, односно централната власт; на сите инспектори, независно дали се вработени во инспекциските служби во органите на државната управа или на единиците на локалната самоуправа; и на самиот Совет.

Меѓу најважните надлежности на Советот, спаѓаат: изработка и донесување на подзаконски акти односно правилници; известување за својата и за работата на инспекциските служби; донесување на програми за интерактивна обука за стекнување со лиценца за инспектор, за испит за стекнување со лиценца за инспектор – општ дел и за генерички обуки на инспекторите; развивањето на политики за управување со учинокот на инспекторите, креирањето единствена рамка за развој и управување со инспекторите; постапување по претставки од физички и правни лица, поврзани со работата на инспекциските служби и/или субјектите на инспекциски надзор; спроведување на генерички обуки за инспекторите; издавање и одземање на лиценци за инспектори; издавањето на налог за вршење на единечен и заеднички вонреден инспекциски надзор; поднесувањето на предлози за разрешување на директор на инспекциска служба, за поведување на дисциплинска постапка против раководител на инспекциска служба, како и иницијатива за утврдување на дисциплинска одговорност на инспектор; воспоставувањето и одржувањето на регистри и информациски систем за управување со инспекцискиот надзор; координација на работата на инспекциските служби.

Советот е составен од претседател и шест члена за одделни области. Тие имаат мандат од четири години, со право на уште еден избор. Актуелниот состав на Инспекцискиот совет го сочинуваат:

  • м-р Магдалена Филиповска-Грашкоска –  претседателка,
  • Јулијана Силјановска – надлежна за област 1 – пазар, работни односи и безбедност и здравје при работа,
  • м-р Методија Димовски – надлежен за област 2 – животна средина и заштита на здравје на луѓето,
  • Ресул Шемо – надлежен за област 3 – градежништво, урбанизам, комунални работи и транспорт,
  • Фитим Лога – надлежен за област 4 – земјоделство, шумарство, ветеринарство и безбедност на храна,
  • Ќерамедин Селими – надлежен за област 5 – образование, наука и култура, и
  • д-р Благоја Гешоски – надлежен за област 6 – управа.

Советот има стручно-административната служба, со која раководи генерален секретар, додека вработените имаат статус на административни односно државни службеници. Актуелна генерална секретарка на Инспекцискиот совет е:

  • Даниела Рендевска

The web portal was developed with the support of the EBRD Project - "Support to improve effectiveness of the inspection services in Northern Macedonia ". The information published on this website does not reflect the views of the European Bank for Reconstruction and Development or the Government of Luxembourg.

Bul: Dame Gruev 3, block 2, local 5

1000 Skopje

Republic of North Macedonia

Contact telephone: +389 (0)2 3121 077

Email address: contact@is.gov.mk